
Бројот на жртви од рускиот воздушен напад во Тернопол се искачи на 25
Бројот на жртви од денешниот руски воздушен напад во западноукраинскиот град Тернопол се искачи на 25, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на службите за итни случаи.
Бројот на жртви од денешниот руски воздушен напад во западноукраинскиот град Тернопол се искачи на 25, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на службите за итни случаи.
-Во Тернопол, 25 лица, меѓу кои три деца, беа убиени како резултат на руското гранатирање на градот, додека 73 лица, меѓу кои 15 деца, беа повредени. Четиринаесет психолози од Државната служба за вонредни ситуации од различни региони на Украина работат во близина на оштетената зграда и веќе им пружиле помош на 150 лица“, објави службата на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Итни операции за спасување сè уште се во тек.
„Вклучени се повеќе од 160 спасувачи, вклучувајќи специјалисти за работа на големи надморски височини, кучиња, специјални сили „Делта“, како и 45 екипи на Државната служба за вонредни ситуации, вклучувајќи роботски системи. „Деиничарите ја проверуваат областа“, додаде службата.
Рано утрово руските сили го нападнаа Тернопол и околината со дронови и ракети. Беа погодени два станбени блока.