Обвинителот Јанев: Дискотеката ,,Пулс” била смртоносна стапица- ќе се шокирате на што бил спремен сопственикот Деко за профит!

Кочанскиот обвинител Борче Јанев денеска го даде воведниот говор на судењето за кочанската трагедија во дискотеката „Пулс“. Тој ги опфати сите пропусти кои доведоа до смртта на 63 деца и над 200 повредени. Потенцираше, дека катастрофата не ја предизвикала една човечка рака, туку цел систем.

Кочанскиот обвинител Борче Јанев денеска го даде воведниот говор на судењето за кочанската трагедија во дискотеката „Пулс“. Тој ги опфати сите пропусти кои доведоа до смртта на 63 деца и над 200 повредени. Потенцираше, дека катастрофата не ја предизвикала една човечка рака, туку цел систем, јавува Фокус.

-Катастрофата во Кочани не настана од пропусти на само една човечка рака. Не настана од само активацијата на пиротехниката. Снимките кои не потресоа сите, се само одложено зло. Не изгоре само објектот, изгоре и вербата дека тој што требало да заштити, не заштитил… Изгоре иднината на младите кои сакале само забава.

-Ако премолчиме и ја изгубиме вистината, и не се соочиме со целосната димензија на оваа трагедија, никогаш нема да можеме да тргнеме на патот за заздравување.

-Кој дозволи работа на објектот, кој не смеел да работи. Кој дозволи влез, без излез, кој не ја согледа смртоносната опасност…

-Овој настан не е несреќа. Се работи за цел сплет на низа пропусти и замижувања.

-Нашиот народ вели, подобро да спречиш отколку да лечиш. Но во овој случај последиците се неизлечиви, зошто никој не се обидел да ги спречи. Кога превенцијата затајува, државата нема друг начин освен да гони и казнува, истакна обвинителот.

Тој образложи и зошто одговорноста се протега на толку голем број обвинети, и се протега низ толку голем временски период, од 2012 година, до денот на трагедијата.

-Казнивото дело не може да биде само активацијата на пиротехниката. Злодело е и самото постоење на овој објект. „Пулс“ од секогаш бил смртоносна стапица, буре барут. Никулците на ова невидена катастрофа биле одамна изникнати. Опасност кој демнела со години никој од обвинетите не ја видел, а требале да ја спречат, рече обвинителот.

Тој додаде и дека јавноста ќе се шокира од дејствијата на сопственикот на дискотеката, Деко, кој во оваа стапица го вовлекол и сопственото дете.

-Сопственикот, никогаш не го интересирала опасноста. Ќе се шокирате на што се бил спремен овој човек само за профит.

Ќе видите каков систем сме имале и како всушност не функционирал. Овој човек успевал со години да ги заобиколувал институционални препреки. Сите документи кои морал да ги има, ги немал, а и никој не му ги ни барал. Имал логистика, доушници, соработници. Никогаш на овој човек никој не му застанал на патот.

Не е важно кој го запалил огнот, туку кој имал кофа вода и не го изгасил.

Се утврди дека во делот за безбедноста никој не постапувал.
Веднаш на почетокот да биде јасно. Временскиот период на инкриминираните дејствија е ужасно долг. Доказите даваат јасни смерници за врската на дејствијата и последиците. Сите лиценци се менливи, а треба да биде круна на секоја безбедносна проверка. Ниту формалните, ниту суштинските обврски не биле исполнети за издавање на лиценците. Така доказите не доведоа до 2012 година. Од тогаш почнал виталот на непостапување и траел до кобната вечер, рече во својот говор кочанскиот обвинител.

Обвинителот додаде дека критичната вечер во објектот имало на 600 лица, меѓу кои и деца.