Народната банка на Србија доби предупредување за воведување на секундарни санкции поради НИС

„Самиот поим за санкции не звучи добро. Се надевам дека нема да има такви санкции бидејќи тоа би значело блокирање на сите плаќања“, нагласи Табаковиќ

Централната банка на Србија добила предупредување за можност за воведување на таканаречените секундарни санкции, поради Нафтената индустрија на Србија (НИС).

Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, изјави дека тоа предупредување е сфатено сериозно.

„Самиот поим за санкции не звучи добро. Се надевам дека нема да има такви санкции бидејќи тоа би значело блокирање на сите плаќања“, нагласи Табаковиќ „За нас, тоа е сериозна закана и го сфаќаме ова предупредување многу сериозно“, рече таа.

Табаковиќ додаде дека Централната банка на Србија не добила попрецизно објаснување за тоа што точно би значеле тие секундарни санкции.