
Облачно со локални врнежи од дожд
Според синоптичарите, утре, исто така, врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот, повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Утринските и дневните температури од недела значително ќе опаднат.
Времето денеска се очекува да биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, исто така, најавено е претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Се очекува да дува умерен југоисточен ветер. Температурата во главниот град на државата се очекува да се движи меѓу 9 и 14 степени Целзиусови.
Седумнаесет степени Целзиусови се најавени за во Гевгелија и во Демир Капија.
Според синоптичарите, утре, исто така, врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот, повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Утринските и дневните температури од недела значително ќе опаднат.
Додека за Скопје, следниот период се прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд што во делови од котлината ќе бидат пообилни. Се очекува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.