Зеленски во Турција: Ќе се разговара за начини за ставање крај на војната во Украина
„Се подготвуваме да ги заживееме преговорите и развивме решенија што ќе им ги предложиме на нашите партнери“, напиша Зеленски на платформата Икс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе отпатува во работна посета на Турција, чија цел е да се разговара за начините за ставање крај на војната во Украина и да се истражат можностите за траен мир, соопшти директорот за комуникации на турското претседателство.
„Се подготвуваме да ги заживееме преговорите и развивме решенија што ќе им ги предложиме на нашите партнери“, напиша Зеленски на платформата Икс.
„Да се направи сè што е можно за да се приближи крајот на војната е главен приоритет на Украина“, додаде тој, без да прецизира дали тоа вклучува директни разговори со Русија.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во Москва изјави дека Русија не учествува во разговорите.
Во текот на повеќе од три и пол години конфликт, Турција постојано делуваше како посредник меѓу Москва и Киев или беше домаќин на разговори насочени кон решавање на војната.