Најавена средба на претставници на Јапонија и Кина со цел смирување на тензиите

Генералниот директор на бирото за Азија и Океанија при јапонското Министерство за надворешни работи, Масаки Канаи, неделава во Пекинг ќе се сретне со својот кинески колега, Лиу Џинсонг во обид да се смири ескалацијата на дипломатскиот спор со Кина во врска со Тајван, поради кој Пекинг ги повика своите граѓани да ги откажат патувањата во таа земја.

Се очекува Канаи да објасни дека коментарот на јапонската премиерка Санае Такаичи дека кинески напад врз Тајван би можел да предизвика воен одговор, не сигнализира промена во јапонската безбедносна политика, како и дека ќе ја повика Кина да се воздржи од акции кои дополнително им штетат на односите.

Санае Такаичи би можела да има можност и директно да разговара со кинескиот премиер Ли Чијанг подоцна оваа недела, а се очекува и двајцата да присуствуваат на самитот на Групата 20 во Јужна Африка кој почнува в петок.