ВЛЕН: Кривичниот законик повеќе не смее да служи како амнестија

-Ова не беше закон за европски стандарди, туку понуда за амнестија за заробување на државата, потпишана од ДУИ во име на Албанците, но во интерес на Груевски, Мијалков и кликите што ги ограбија и Албанците и Северна Македонија. На оваа земја ѝ е потребна вистинска правда, а не закони прилагодени на каприците на политичарите кои се плашат од одговорност, велат од ВЛЕН во соопштение до јавноста.

„Биномот ДУИ-СДСМ го користеше европското знаме не за Европа, туку како крпа за да ги избрише трагите на Никола Груевски и да ја спаси кожата на Сашо Мијалков. Под маската на „хармонизација со ЕУ“, тие гласаа за измени во Кривичниот законик за кои денес гледаме како целото општество пати.

-Ова не беше закон за европски стандарди, туку понуда за амнестија за заробување на државата, потпишана од ДУИ во име на Албанците, но во интерес на Груевски, Мијалков и кликите што ги ограбија и Албанците и Северна Македонија. На оваа земја ѝ е потребна вистинска правда, а не закони прилагодени на каприците на политичарите кои се плашат од одговорност“, велат од ВЛЕН во соопштение до јавноста.

„Изработката на новиот Кривичен законик бара длабинска анализа, професионално усогласување и вклучување на најдобрата правна експертиза, поради што ВЛЕН поддржува одговорен пристап заснован на европските принципи. Нашиот пристап е јасен: на земјата ѝ е потребен современ Кривичен законик, изграден врз принципот на еднаквост пред законот и со реален капацитет да обезбеди ефикасно казнување за корупција и злоупотреба на моќ.

ВЛЕН беше првиот што побара зголемена одговорност за корупција на високо ниво, преку уставен амандман. Нашиот приоритет е едноставен, кривичен систем што ги штити граѓаните и правдата, а не оние што со години го користеа законот за да се исчистат од скандали“, се вели во соопштението на ВЛЕН.