Вучиќ најави „специјална операција“ за НИС: Ако нема друго решение, ќе ги најдеме парите

На седницата на Владата, откако доби порака од Вашингтон дека Русите мора целосно да ја напуштат сопственичката структура на НИС, Вучиќ изрази надеж дека мнозинскиот сопственик на оваа комерцијална компанија ќе ја забрза трансакцијата со партнерите со кои моментално преговара.

Србија е подготвена да ја преплати рафинеријата НИС доколку руските преговори со партнери од Европа и од Азија за промена на сопственоста не успеат, порачано е на вчерашната седница на владата на Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека сака по секоја цена да избегне „национализација, конфискација и заплена на имот“, но и тој спомена „специјална операција“, без да даде повеќе детали.

Вучиќ најави дека Србија ќе ја објави конечната одлука во рок од 7 дена.

На седницата на Владата, откако доби порака од Вашингтон дека Русите мора целосно да ја напуштат сопственичката структура на НИС, Вучиќ изрази надеж дека мнозинскиот сопственик на оваа комерцијална компанија ќе ја забрза трансакцијата со партнерите со кои моментално преговара.

– Доколку не се согласат за куповната цена, мојот предлог е да размислиме да им понудиме подобра цена. Иако ние не сме нивен избор, ние не бевме руски избор, некои други се руски избор, претпоставувам дека мислеле дека можат да го завршат тоа со менаџментот. После тоа, ние мора да понудиме повисока цена – рече Вучиќ.

За тоа, како што изјави, ќе бидат потребни дискусии со сите финансиери за да се заштедат пари во државната каса.

– Ако немаме друго решение, без разлика колку, без разлика колку чини, ќе ги најдеме парите, ќе разговараме со Европејците и со сите други – рече Вучиќ.

Во 2009 година, Србија продаде мнозински удел (51 процент) во НИС на „Гаспромнефт“, нафтената подружница на рускиот енергетски гигант Гаспром, за 400 милиони евра.

Денес, „Гаспромнефт“ поседува речиси 45% од НИС, една од неговите сестрински компании „Интелиџенс“ поседува 11,30%, а државата Србија поседува околу 30% од компанијата. Преостанатиот дел го држат малцинските акционери.

НИС управува со единствената рафинерија во земјата, сместена во Панчево, во близина на Белград, која снабдува приближно 80 проценти од српскиот пазар.