
Италијанската и албанската влада потпишаа 16 билатерални договори и меморандум за разбирање
По заедничката седница на владите на Италија и на Албанија, премиерите Џорџа Мелони и Еди Рама разменија билатерални договори и меморандум за разбирање, потпишани во рамките на првиот заеднички состанок на двете влади во Рим.
По заедничката седница на владите на Италија и на Албанија, премиерите Џорџа Мелони и Еди Рама разменија билатерални договори и меморандум за разбирање, потпишани во рамките на првиот заеднички состанок на двете влади во Рим.
-Договорите гарантираат стратешка соработка во областите на здравството, енергетиката, животната средина, безбедноста и одбранбената индустрија, управувањето со миграцијата, образованието, иновациите, дијаспората, економската трансформација и раст, објави албанската државна агенција, АТА.
Станува збор за вкупно 16 нови договори за соработка, во рамки на тесното стратешко партнерство меѓу двете земји.
Церемонијата на потпишување на договорите од страна на двајцата премиери се одржа во дворот на Вила Дорија Памфиљ, историска резиденција од 17 век и еден од најголемите јавни паркови во Рим, каде што се одржуваат денешните настани.
Албанската делегација ја сочинуваат 10 министри, кои со своите италијански колеги ги потпишаа договорите од своите сектори.
Премиерот Рама, кој е добар пријател со Мелони, беше дочекан со сите државнички почести.
Предходно во објава на Фејсбук, премиерот Рама оцени дека оваа денешната заедничка седница претставува важен чекор во зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу Албанија и Италија.