Евакуирано средно училиште во Белград по дојава за бомба

Дојавата за поставена експлозивна направа била околу 12 часот, по што била повикана полиција и училиштето е евакуирано.

Средно техничко училиште во Нов Белград е евакуирано денеска поради дојава за поставена бомба. Дојавата за поставена експлозивна направа била околу 12 часот, по што била повикана полиција и училиштето е евакуирано.

Припадници на МВР на Србија се на терен и вршат увид во зградата на училиштето.