Арсовска: Поднесов кривична пријава за „Усје“ пред три години – зошто директорот сè уште не е приведен?

Таа посочи дека денес повторно се забележува облак од чад над Кисела Вода, алудирајќи дека фабриката и натаму загадува без контрола.

Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, повторно ја обвини власта за прикривање на одговорноста на цементарницата „Усје“ за загадувањето на главниот град. Таа на социјалните мрежи објави дека уште пред три години поднела кривична пријава со докази, но институциите, како што вели, и понатаму не преземаат ништо.

„Со докази поднесов кривична пријава за ‘Усје’ пред три години. Дали е приведен директорот на ‘Усје’ за загадувањето на Скопје што го предизвикува континуирано – и зошто не?“ – праша Арсовска во својата објава.

Таа посочи дека денес повторно се забележува облак од чад над Кисела Вода, алудирајќи дека фабриката и натаму загадува без контрола.

Арсовска остро го нападна и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, нарекувајќи го „режимски диктатор“, со тврдење дека „единствената негова наредба за апсење е насочена кон луѓето што го чистеле ѓубрето низ градот“.