
Ѓорѓиевски за поканата на дуел: Данела нека комуницира со други институции, не со мене, јас сум зафатен
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одби да ја коментира поканата на поранешната скопска градоначалничка за ТВ дуел и повикот да ги објави списоците со луѓето кои биле избркани од работа откако ја преземал функцијата.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одби да ја коментира поканата на поранешната скопска градоначалничка за ТВ дуел и повикот да ги објави списоците со луѓето кои биле избркани од работа откако ја преземал функцијата.
„Што се однесува на бивши политичари коишто имале шанса дадена од граѓаните, но го потрошиле за апсолутно ништо мандатот. Немам што да коментирам, ете, тие треба со други институции да комуницираат, не со мене.
Мислам дека моето, ете, погрешно да не бидам разбран не ниво, туку мојот фокус во наредниов период е средување на состојбите поврзани со хаосот и нередот што го стаи во градот Скопје“ – рече Ѓорѓиевски.
Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, му упати јавна порака на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за, како што вели, „лажни тврдења“ за долговите на Градот и бројот на вработени.
„Кога се лаже, се држат рачињата во формација извежбана од медот“, напиша Арсовска во својата објава, додавајќи дека градоначалникот треба јавно да ги објави сите фирми со долг, заедно со фактурите и датумите, „за да знае народ дека лажеш“.
Арсовска побара и објава со имиња и презимиња на сите 500 вработени, со податок кој од кога не доаѓал на работа, за – како што тврди – „да се види дека лажеш“.
Поранешната градоначалничка го повика Ѓорѓиевски на јавна телевизиска дебата:
„Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење“.