
Разрешен министер за правда во Украина – обвинет за корупција во државни компании
На 10 ноември, Националното биро за борба против корупцијата на Украина објави специјална операција за разоткривање на корупцијата во енергетскиот сектор.
Украинската влада денеска одлучи да го разреши Херман Галушченко од функцијата министер за правда, објави премиерката Јулија Свириденко.
Според нејзината објава на Телеграм, украинската влада утрово одржа вонредна седница, каде што беше донесена одлука за разрешување на Галушченко од функцијата министер за правда, пренесува Укринформ.
На 10 ноември, Националното биро за борба против корупцијата на Украина објави специјална операција за разоткривање на корупцијата во енергетскиот сектор.
Истрагата утврди дека членовите на криминалната организација изградиле голема шема на влијание врз стратешките претпријатија од државниот сектор, особено врз ННЕГЦ Енергоатом.
Информиран извор од органите за спроведување на законот изјави за Укринформ дека вработените во бирото за борба против корупцијата го претресле домот на бизнисменот и ко-сопственик на студиото „Квартал 95“ Тимур Миндиќ, како и домот на министерот за правда – Герман Галушченко, кој претходно ја извршуваше функцијата министер за енергетика.
На 11 ноември, полицајците приведоа пет лица како дел од истрагата за корупција во енергетскиот сектор, а седум лица беа пријавени како сомнителни.