Прегазен пешак во центарот на Скопје

Пешак со тешки телесни повреди е пренесен во старата градска болница, откако во центарот на Скопје бил удрен од автомобил кој го управувал 50-годишен скопјанец.

Пешак со тешки телесни повреди е пренесен во старата градска болница, откако во центарот на Скопје бил удрен од автомобил кој го управувал 50-годишен скопјанец.

На 10.11.2025 околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Даме Груев“ и ул.„11 Октомври“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(50) од Скопје, удрило во пешакот П.Н.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. По наредба на јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.