Арсовска до Ѓорѓиевски: Сите кои одеа на работа ги избрка за да направиш место за своите партиски војници

„Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме сите 400 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници“, обвини Арсовска со објава на Facebook.

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика нејзиниот наследник Орце Ѓорѓиевски јавно да ги објави сите фирми со долгови, како и отпуштените вработени што не доаѓале на работа.

„Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме сите 400 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници“, обвини Арсовска со објава на Facebook.

Го повика и на ТВ дебата за да ги соочат фактите.

„Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење.“