„Летал“ со 192 км/ч на место каде е дозволено 100

МВР информира дека вчера попладне во 13:35 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ќ.И.(32) од с. Врапчиште, гостиварско.

При контрола во патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со брзина од 192 километри на час на место каде што дозволената брзина е 100 километри на час.