
Во Словачка се судрија возови, повредени 79 патници
Прелиминарните извештаи упатуваат на тоа дека регионалниот воз го занемарил знакот за запирање и преминал на шините кон Братислава, каде со него се судрил брз воз, објави железничката компанија ЗСР.
Во судар на два патнички автобуси, повредени се 79 патници, во близина на словачкиот главен град Братислава.
На никому од повредените животот не му е загрозен – сместени се во болница, велат од итната медицинска служба.
Прелиминарните извештаи упатуваат на тоа дека регионалниот воз го занемарил знакот за запирање и преминал на шините кон Братислава, каде со него се судрил брз воз, објави железничката компанија ЗСР.
Точните околности на несреќата и понатаму се истражуваат, рече шефот на ЗСР Иван Беднарик за новинската агенција ТАСР.
Јавната телевизија СТВ извести дека во двата воза вкупно имало околу 800 патници, повикувајќи се на податоците на министерството за внатрешни работи.
Многу од патниците биле студенти кои се враќале во Братислава од своите родни градови.