МОН: Науката е столб на општествениот развој, во 2026 буџетот за наука ќе изнесува 773 милиони денари

Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 предвиден е рекорден буџет од 773 милиони денари за наука, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

Од ресорното министерство информираат дела оваа календарска година преку три повици за распределба на средства  е стимулирана реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните универзитети, факултети и научни установи, на МАНУ и бизнис заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите, како што наведуваат, успешно се реализираат.

– Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 773 милиони денари со кои продолжува финансирањето на научно – истражувачки проекти, за развој на лабораториските ресурси, за учество на меѓународни научни конференции и организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, како и организирање на научни и студиски престои во странство. Посебно радува зголемениот интерес кај младите да се занимаваат со наука и иновации, што се огледува преку искористување на мерките кои МОН ги става на располагање, така што, заедно со другите надлежни владини институции продолжуваме да ги поддржуваме во реализација на личните амбиции, стои во соопштението.

Според МОН, развојни политики добиваат континуитет затоа што секој влог во науката се исплати и на средства и труд во овој сегмент не треба да се штеди.

– Честит 10 Ноември – Светски ден на науката!, додават од МОН.