Македонија изоставена од пофалбите на ЕУ комесарката за проширување
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во објава на социјалната мрежа „Х“ ги пофали земјите од Западен Балкан и останатите кандидати за членство во Европската унија кои, како што истакна, постигнале значителен напредок на патот кон ЕУ во текот на 2025 година — со исклучок на Македонија, која не беше спомната во нејзината објава.

„2025 година беше година на значаен напредок за проширувањето на Европската унија. Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија се издвојуваат со најголем напредок во спроведувањето на реформите во изминатата година. Нашите кандидати имаат амбициозни цели да ги завршат преговорите, а претстојната година ќе биде момент на вистината,“ напиша Кос на платформата „Х“.
Montenegro has made significant progress this past year.
It is now the most advanced candidate on the accession path.
It is a decisive time. Keeping the focus and pace of reforms is key to finalise accession negotiations.
— Marta Kos (@MartaKosEU) November 4, 2025