Путин направи неочекуван потег

Претседателот на Русија, Владимир Путин, со декрет го назначи генерал-полковник Андреј Булига за заменик-секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, со декрет го назначи генерал-полковник Андреј Булига за заменик-секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Новиот заменик-секретар на Советот за безбедност на Русија, Андреј Булига, претходно ја извршуваше функцијата заменик-министер за одбрана, каде што беше одговорен за логистиката на вооружените сили, објави ТАСС.

Пред тоа, тој ја надгледуваше логистиката во Западниот воен округ како заменик-командант.

Во исто време, генерал-потполковник Александар Санчик, поранешен командант на Јужниот воен округ, беше назначен да го замени Булига во Министерството за одбрана.

Со претседателски декрет, Санчик беше разрешен од претходната позиција, додека Андреј Булига беше формално разрешен од функцијата заменик-министер за одбрана.

Овие промени се случија во време кога руското воено-политичко раководство продолжува да ги реструктуира и зајакнува клучните одбранбени и безбедносни сектори.