ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Либерално-демократската партија ќе предложи измени на Изборниот законик со кои ќе бара поверениците што Владата ќе ги назначи во општините во кои поради немање цензус не се избраа градоначалници, да не може да се кандидираат кога ќе бидат повторно организирани избори.

– Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори. Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери, велат од ЛДП.

Според партијата, доколку се усвојат измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија.