
Владата ќе назначи повереници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше
Откако ДИК ќе ја информира Владата потоа треба да го извести и Собранието дека изборниот процес е завршен за да може во рок од 60 дена да се спроведат нови избори во 4-те општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше.
Следната недела Владата ќе назначи владини повереници во општините каде поради немање цензус не се избраа градоначалници и ќе има нов обид тоа да се направи во втората половина на декември.
Дотогаш, како што посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски, оваа функција ќе ја вршат лицата кои ќе бидат назначени во договор со владините коалициски партнери, откако ДИК претходно ќе информира дека изборниот процес дека е завршен .
Откако ДИК ќе ја информира Владата потоа треба да го извести и Собранието дека изборниот процес е завршен за да може во рок од 60 дена да се спроведат нови избори во 4-те општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше.
Инаку, денеска и собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница ги констатира мандатите на новите тројца пратеници Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов.