
Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина синоќа донесе Одлука со која 6 ноември се прогласува за ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина.
„Со одлуката се прогласува 6 ноември 2025 година за Ден на жалост во БиХ поради трагичниот настан и загинувањето на жителите во Домот за стари лица во Тузла “, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Владата.
Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Босна и Херцеговина на половина копје, т.е. јарбол, на зградите на законодавните, извршните и судските власти, јавните институции, институциите и другите правни лица на територијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина.
Поради трагедијата, и Црна Гора со одлука на Влада денешниот ден го прогласи за ден на жалост.