
Блерим Беџети од ДУИ потврди за ТВ21 дека повеќе нема да биде координатор на пратеничката група на Интегративците и дека оваа промена, како што објаснува, е направена откако самиот ја напуштил оваа позиција.
На прашањето зошто си заминал, дали се гледа себеси одговорен за лошиот резултат во Сарај, Беџети како поранешен градоначалник на оваа скопска општина рече дека оваа одлука доаѓа затоа што им се дава простор на нови личности и дека тој ќе продолжи да биде активен во ДУИ.
Демократската унија за интеграција треба да го одржи партискиот конгрес до 20 декември, каде што се најавуваат реформи и повлекување на старите лица од раководството. Извори од партијата информираат дека се очекува преструктурирање во ограноците и вклучување на нови имиња на политичката сцена.