Министерството за дигитална трансформација објави јавен повик за изработка на веб страници
Министерството за дигитална трансформација објавува јавен повик до единиците на локална самоуправа и институциите од јавниот сектор во Република Северна Македонија за изработка на официјални веб страници. Повикот, како што соопштуваат од министерството, е дел од иницијативата за дигитализација на локалната самоуправа, но и подобрување на комуникацијата на јавниот сектор со граѓаните преку современи дигитални решенија,

-Јавниот повик е во насока на унапредување на дигиталната инфраструктура и зголемување на транспарентноста и пристапноста на локалните самоуправи. Право на пријавување имаат сите општини и институции од јавниот сектор во Република Северна Македонија, без разлика на нивната големина, број на жители или моменталниот статус на нивната веб страница, стои во соопштението од МДТ.
Пријавите, како што дополнуваат, може да се достават најдоцна до 31.12.2025, електронски: kristijan.kitevski@mdt.gov.mk или на адреса: Министерство за дигитална трансформација, бул. Филип Втори Македонски, бр. 11, 1000 Скопје.
-Пријавите ќе се обработуваат по принципот „прв дојден прв услужен“ се до пополнување на расположливиот број на општини и институции што можат да бидат опфатени. Министерството ќе ги известува пријавените општини и институции за статусот на нивната апликација, дополнуваат оттаму.
Подетални информации министерстовто проследува на следниов линк.