
Песков: Не сакаме муниција и оружје од братска Србија да бидат употребени против нас
„Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече Песков на новинарите кои го прашаа за изјавата на Вучиќ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде ќе заврши подоцна.
„Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече Песков на новинарите кои го прашаа за изјавата на Вучиќ.
„Разбираме дека врз Србија се врши невиден притисок. Затоа ситуацијата таму не е лесна. Ги разбираме проблемите со кои се соочуваат Србите“, додаде тој.
Во интервју за германското списание „Цицеро“, Вучиќ рече дека на Европа ѝ е потребна муниција и потврди дека им понудил на своите пријатели во Европа договор да купат сè што има Србија, што го опиша како феноменален придонес кон европската безбедност.
Вучиќ истакна дека српските складишта за муниција се полни, со особено голема залиха од минофрлачки гранати.
На прашањето за можноста муницијата купена од Србија подоцна да биде предадена на Украина, Вучиќ рече дека купувачите ќе можат да прават што сакаат со неа.