
Светска премиера на „Ритам на животот“ на Филмскиот фестивал во Солун
Ова е дебитантски долгометражен филм на режисерката Баста, кој преку поетичен визуелен пристап ја раскажува приказната за една млада жена и нејзините предизвици во современото општество. Филмот е копродукција на шест земји, а македонскиот копродуцент е „Круг филм“ од Скопје, кој продолжува со својата посветеност на учество во значајни европски и меѓународни филмски проекти.
Филмот „Ритам на животот“ во режија на Америса Баста денеска ќе ја има својата светска премиера на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун, како дел од официјалната програма „Запознајте ги соседите“.
Ова е дебитантски долгометражен филм на режисерката Баста, кој преку поетичен визуелен пристап ја раскажува приказната за една млада жена и нејзините предизвици во современото општество. Филмот е копродукција на шест земји, а македонскиот копродуцент е „Круг филм“ од Скопје, кој продолжува со својата посветеност на учество во значајни европски и меѓународни филмски проекти.
„Ритам на животот“ е рефлексија на повеќекратните улоги што жената ги извршува, додека се обидува да остане верна на сопствените соништа. Премиерата ќе се одржи во присуство на авторската екипа и продуцентите, во рамки на еден од најрелевантните филмски настани во регионот.
Во истата програмска селекција ќе се натпреварува и уште една македонска копродукција – филмот „Фантази“, кој својата светска премиера ја имаше ова лето на фестивалот во Локарно, Швајцарија.