Европската конвенција за човекови права одбележува 75 години под сè поголем притисок

Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) денеска ја прослави својата 75-годишнина, додека се зголемува притисокот за промени во неа, во екот на критики за начинот на кој се толкува, особено во однос на миграциските прашања.

Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) денеска ја прослави својата 75-годишнина, додека се зголемува притисокот за промени во неа, во екот на критики за начинот на кој се толкува, особено во однос на миграциските прашања.

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) го надгледува почитувањето на конвенцијата, но неколку земји ги критикуваа неговите одлуки. Покрај тоа, пресудите постојано не се спроведуваат, пренесе ДПА.

ЕКЧП гарантира важни права, како што се правото на живот, забраната на тортура и слободата на изразување.

Во отворено писмо во мај, девет европски лидери, вклучувајќи ги Данска, Италија, Австрија и Полска, го критикуваа Европскиот суд за човекови права за неговото толкување на конвенцијата во врска со миграциските прашања, тврдејќи дека тоа прекумерно го ограничува опсегот на дејствување на државите.

Директорката на Германскиот институт за човекови права (DIMR), Беате Рудолф, гледа на ова со загриженост. „Ова е алармантно во уставна држава“, изјави Рудолф за ДПА.

Таа рече дека на државите, секако, им е дозволено да го критикуваат судот, но не преку јавен притисок; наместо тоа, тие треба да учествуваат во судските постапки, рече таа.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет, за Би-Би-Си изјави дека подготвен и отворен да се вклучи во сите политички дискусии, за да се види што треба да се дискутира, „можеби да се промени или да се приспособи“.

Ова ја вклучува и дискусијата за миграциските прашања.

– Да се вклучиме во миграциските прашања и да видиме што треба да се адресира, а можеби и да се промени, рече Берсет.