
Вработените од „Паркови и зеленило“ продолжуваат со протести, ништо од исплатата на септемвриската плата
- Платата за месец септември сè уште не е исплатена на вработените во Ј.П. „Паркови и зеленило – Скопје“. Ова претставува продолжување на серијата доцнења и игнорирање на основните работнички права, вклучително и неисплатени плати за претходни месеци, јубилејни награди, бонус плати, К-15 и здравствено осигурување. Протестите продолжуваат и во наредните денови, сè додека не биде исполнета барем една од поставените цели. Работниците нема да отстапат од своите барања, а синдикатот останува доследен во борбата за достоинствена исплата и правична третман, велат од Синдикатот.
Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ попладнево соопшти дека протестите ќе продолжат и следните денови затоа што не им е исплатена септемвриската плата иако така им било ветено на денешниот состанок со директорот на претпријатието.
– Платата за месец септември сè уште не е исплатена на вработените во Ј.П. „Паркови и зеленило – Скопје“. Ова претставува продолжување на серијата доцнења и игнорирање на основните работнички права, вклучително и неисплатени плати за претходни месеци, јубилејни награди, бонус плати, К-15 и здравствено осигурување. Протестите продолжуваат и во наредните денови, сè додека не биде исполнета барем една од поставените цели. Работниците нема да отстапат од своите барања, а синдикатот останува доследен во борбата за достоинствена исплата и правична третман, велат од Синдикатот.
Денеска Синдикатот имаше состанок со директорот на претпријатието, на кој, како што изјави претседателот на Синдикатот Горан Ристески, им било посочено дека се очекува во текот на денот да бидат префрлени пари на сметка на претпријатието и дека ќе биде исплатена септемвриската плата.