Зеленски: Украина ќе прифати само полноправно членство во ЕУ

„Важно е да делат слични вредности. Според мене, не можете да бидете полу-или делумен член на Европската Унија“, додаде Зеленски.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на самитот за проширување на ЕУ изјави дека Украина ќе прифати само „полноправно членство во Европската Унија“.

„Ако зборуваме за членство во ЕУ, тоа мора да биде полноправно. Ми се чини дека е многу важно да имаме еднакви земји на иста маса“, рече Зеленски.

Тој додаде дека е важно членките на ЕУ да делат „слични вредности“.

„Важно е да делат слични вредности. Според мене, не можете да бидете полу-или делумен член на Европската Унија“, додаде Зеленски.