Мемов по критиките кон ВРЕДИ ретерира – тврди дека зборувал во лично име

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, денеска појасни дека неговата вчерашна објава на Фејсбук за поддршката меѓу партнерите во владата на локалните избори претставува негов личен став, а не официјален став на партијата.

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, денеска појасни дека неговата вчерашна објава на Фејсбук за поддршката меѓу партнерите во владата на локалните избори претставува негов личен став, а не официјален став на партијата. Мемов нагласи дека изборниот успех на ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на меѓусебната поддршка и дека владините партнери треба да продолжат заеднички во ист политички правец и по завршувањето на изборите.

„Вчерашната објава на мојот Фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

-Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции.

-Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.

-По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени“, појаснува Мемов.

Во претходната објава Мемов упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.

„ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка“.

Мемов од ЗНАМ за ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте