Сиљановска побарала помош од Макрон за францускиот предлог

„На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор, ниту за игралиште“, вака претседателката Гордана Сиљановска Давкова, ја искоментира објавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која на последната посета на Скопје повторно побара спроведување на уставните измени со цел продолжување на европскиот пат на Македонија.

„На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор, ниту за игралиште“, вака претседателката Гордана Сиљановска Давкова, ја искоментира објавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која на последната посета на Скопје повторно побара спроведување на уставните измени со цел продолжување на европскиот пат на Македонија.

Претседателката порачала дека топката е инструмент за игра и дека за игра се потребни двајца.

-Играта секогаш се одвива по точно утврдени правила. Правилата не се менуваат во текот на играта, што ни се случи нам. Е сега, што ако е топката од офсајд или што ако е топката со фаул фрлена во игралиштето? Или, што ако голов е празен, нашиот беше празен, па го полнеа, го полнеа, мрежата се искина. Значи, правилата во играта се однапред утврдени. Тоа е прво. Второ, кога мене ме прашуваат однадвор – дали ќе го смените Уставот, јас не можам таква гаранција да дадам, јас велам не сум јас Јован Безземја, не сум јас апсолутен монарх. Значи, парламентот тоа го прави. А пратениците гласаат по сопствено уверување и ги претставуваат граѓаните, не мене и не ЕУ. Да бидам искрена. Значи кога вие велите сменете го Уставот, професорот во мене вели вака – „кога вака ми велите мене, морате да го смените Уставот“, вие ми велите – „заборавете на парламентарната демократија, оти таа има неизвесен резултат“… Е сега, тоа е нешто што ме тера на следново. Да подразмислиме, како можело во Преговарачката рамка и во заклучоци да влезат одредби од записник…, рече Сиљановска Давкова во гостувањето на емисијата „360 степени“ на „МРТ“.

Таа потврди дека побарала помош од францускиот претседател Емануел Макрон.

-Нормално, јас барам помош од претседателот Макрон, бидејќи придавкава е француски (предлог). Е па, сега, најдете решение. Јас мислам дека, не знам, дека мора да се најде излезно решение, а како што знаете, Европејците, особено и тие во Европската Унија, многу креативни знаат да бидат кога е потребно, истакна Сиљановска Давкова.