Службите трагаат по двајца снајперисти што деновиве пристигнаа во Белград – вели Вучиќ

Откри дека имаат сознанија со чија финансиска помош пристигнале во Белград, но не прецизираше што би можело да биде нивната цел.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ синоќа во телевизиско гостување соопшти дека владата има безбедносни и разузнавачки податоци, според кои во Белград се присутни двајца снајперисти, за кои се верува дека пристигнале со финансиска поддршка, чиј извор е познат на надлежните служби.

Сепак, не прецизираше, што би можело да биде нивната цел.

Како што рече, полицијата и разузнавачките институции интензивно ги бараат, но не можат да ги пронајдат веќе три дена.

„Во претходните денови и недели имавме разни безбедносно-разузнавачки податоци кои не беа наивни. Дури и не ја информиравме јавноста. Не сакавме да зборуваме“, Вучиќ.

Сепак, верува дека надлежните служби ќе успеат да го решат овој случај.

Посочи дека владата нема да дозволи надворешно влијание или употреба на насилство како средство за промена на поредокот.

„Но, тоа е нивниот единствен пат, немаат друг начин. Не можат да ја поколебаат мојата волја, не можат да ме победат на изборите и тоа го знаат многу добро“, рече српскиот претседател.

Зборувајќи за инцидентите во шаторската населба пред Домот на Народното собрание, тој рече дека луѓето во Пионирски парк „биле нападнати без каква било причина“, и дека биле нападнати седум простории на СНС во Србија.