Костадинов: СДСМ не е „целосно згасната партија“, и треба ребрендирање

-Нашиот фокус не треба и не може да биде исклучиво, брзо менување на власта. Нашиот фокус мора да биде зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата, СДСМ отворена за сите, СДСМ платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе, порача Костадинов.

Поранешниот градоначланик на Струмица, Костадин Костадинов по завршувањето на вториот круг од локалните избори изјави дека СДСМ не е „целосно згасната партија“, но дека истата моира да помине низ „сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија“.