Да те изберат двапати значи најголемо признание и чест, порача Герасимовски
Герасимовски посочи дека се водел од принципи, а не од дневни политики.
Да те изберат двапати за мене значи најголемо признание и чест. Тоа за мене е највисока одговорност и обврска, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски откако прогласи победа на локалните избори. Вели дека победил затоа што работел четири години, а не 30 дена.
Герасимовски посочи дека се водел од принципи, а не од дневни политики.
-Во кампањата се соочивме со нефер противници. Ако ние водевме фер и конструктивна кампања, тие правеа се спротивно. Ме навредуваа и клеветаа. Лажно ме обвинуваа и си ги препишува резултатите себеси и тоа луѓе – наши довчерашни соборци и соборки кои од нивни, промашени и лични мотиви решија да бидат на страната на фотелјашите, властољупците, профитерите, неработниците…И како што бива, изгубија и исчезнаа и останаа тивки вечерва, рече градоначалникот од Дебар Маало.
Општина Центар е една од шесте општини што ги освои опозициската СДСМ на овие локални избори.