Адеми обвини за масовно купување на гласови и ноќно бетонирање на улиците
Арбер Адеми од ДУИ се заблагодари на дијаспората која го искористила денешниот ден и се вратила во Македонија за да гласа на локалните избори. Според него, овие избори беа повеќе од локална трка. Тврди дека беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата.

Сепак, вели Адеми, сведоци биле на „масовно купување на гласови, изборен асфалт, ноќно бетонирање и брутална вмешаност на државниот апарат во корист на власта“.
-Сепак и покрај сите овие злоупотреби, граѓаните покажаа дека знаат да препознаат и да не дозволат овие темни методи да го искриват резултатот од првиот круг. Убедени сме дека нема да го искриват и сега во вториот круг, рече Адеми на прес-конференција.
Тој додаде дека коалицијата НАИ, чиј предводник е ДУИ, останува цврсто посветена на патот на промените и на создавање на општество во кое власта се добива со доверба, а не со притисок.