Трамп за Си-Би-Ес: Си Џинпинг ги разбира последиците од евентуална кинеска инвазија на Тајван

-Ќе знаете доколку тоа се случи, а тој го разбира одговорот на ова прашање, одговори американскиот претседател кога беше прашан дали САД би интервенирале во случај на потенцијален воен напад од страна на Пекинг врз Тајван, додавајќи дека кинескиот лидер ги разбира „последиците“ од таквата интервенција.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ги разбира „последиците“ од потенцијална кинеска инвазија на Тајван, но одби да прецизира дали САД ќе ја бранат островската нација во случај на напад.

Трамп ова го соопшти во интервју што денес го емитуваше американската телевизија Си-Би-Ес (CBS).

-Ќе знаете доколку тоа се случи, а тој го разбира одговорот на ова прашање, одговори американскиот претседател кога беше прашан дали САД би интервенирале во случај на потенцијален воен напад од страна на Пекинг врз Тајван, додавајќи дека кинескиот лидер ги разбира „последиците“ од таквата интервенција.

Пекинг го смета Тајван за отпадник и своја територија, а Вашингтон ѝ дава најголема поддршка на оваа земја.

Трамп рече дека Тајван не бил споменат за време на неговата средба со Си Џинпинг во Јужна Кореја во четвртокот.

Американскиот претседател во интервју снимено во петокот и емитувано денеска во емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес, изјави дека не може да ги „открие своите тајни“, прецизирајќи дека „другата страна е информирана“.

Автономијата на Тајван е една од причините за тензиите меѓу Кина и САД, а Трамп и Си се чинеше дека ја избегнуваат за време на состанокот, фокусирајќи се на ублажување на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.