
Нигерија прифати помош од САД по заканите од Трамп за интервенција
Оваа реакција следува по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој и се закани на западноафриканската земја со воена акција поради, како што рече, неспособноста да се спречи прогонството на христијаните.
Нигерија ја поздрави можната американска помош во борбата против исламистичките бунтовници, но со услов нејзиниот територијален интегритет да биде целосно почитуван.
Оваа реакција следува по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој и се закани на западноафриканската земја со воена акција поради, како што рече, неспособноста да се спречи прогонството на христијаните.
Трамп ги обвини нигериските власти за злосторства против христијаните и најави дека САД можат да интервенираат со воена сила. На својата платформа Truth Social напиша:
„Доколку нигериската Влада продолжи да дозволува убивање на христијани, САД веднаш ќе ја суспендираат целата помош за Нигерија и многу е веројатно да влезат во оваа сега посрамена земја, ‘пукајќи со оружје’, за целосно да ги уништат исламските терористи кои ги извршуваат овие ужасни злосторства.“
Нигерискиот претседател Бола Ахмед Тинубу реагираше на предупредувањето, истакнувајќи дека карактеризирањето на земјата како религиозно нетолерантна „не ја одразува националната реалност“.
„Верската слобода и толеранцијата се фундаментален принцип на нашиот колективен идентитет и секогаш ќе останат такви. Нигерија се спротивставува на верското прогонство и не го охрабрува. Нигерија е земја со уставни гаранции за заштита на граѓаните од сите религии,“ порача Тинубу.
Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена интервенција поради убивањето христијани