Мециновиќ го предизвика Орце на дебата на Телма утре доколку навистина бил спречен поради митингот денес

Амар Мециновиќ кандидатот за градоначалник од Левица го предизвика Орце Ѓорѓиевски кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на дебата на Телма утре доколку навистина бил спречен поради митингот денес.

Амар Мециновиќ кандидатот за градоначалник од Левица го предизвика Орце Ѓорѓиевски кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на дебата на Телма утре доколку навистина бил спречен поради митингот денес.

„Вечерва требаше да се одржи дебата меѓу мене и Орце Ѓорѓиевски на покана на ТВ Телма, која тој пред два дена ја прифати пред очите на целата македонска јавност, за потоа да ја откаже. Во мало несогласување со уредништвото на телевизија Телма, кое професионално се обиде да ја организира дебатата од која владиниот кандидат избега, а притоа не беше нагласена можноста за мое поединечно интервју, дојде до оваа нова вест која сега циркулира во јавноста, за што не е виновна ниту една страна“, пишува Мециновиќ и додава:

„Сметам дека во духот на добрите принципи на соработка и позитивната атмосфера на демократскиот процес, како и во интерес на нашите граѓани, можеме да се обидеме уште еднаш, со телевизија Телма, да закажеме дебата на која Владиниот Кандидат ќе дојде, доколку се прибрал од митингот од вечерва. Во секој случај, јас сум достапен да дојдам и сам утре во ТВ Телма.

Инаку, за потсетување утре го организираме и Вториот скопски марш и почнуваме од 9 часот кај споменикот на кружниот тек во Ѓорче. Се гледаме утре“.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, преку порака на социјалните мрежи порача дека нема да се појави на дебатата со противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ, договорена за вечерва на ТВ „Телма“.

Во објавата Ѓорѓиевски наведе дека вечерvа во тој термин е завршниот митинг од неговата кампања во Скопје.