Ивановска по втор пат демантира: Не ги поддржувам ЗНАМ и не правам пазар со партии
Изминативе денови, кандидатот за градоначалник на скопската општина Центар од владејачката ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, беше гласен дека со независната кандидатка за градоначалник која отпадна во првиот круг, Билјана Ивановска, „имаат ист концепт и визија за Центар“ и дека очекува нејзините гласачи да го поддржат на 2 ноември. Но, денеска, таа, преку објава на Фејсбук ги демантира наводите потенцирајќи дека ниту со партии пазар прави, ниту повикува гласачи.

„Да бидам јасна, ниту со партии пазар правам, ниту повикувам гласачи. Секој нека си гласа по свое убедување и одговорност. Учествував во првиот круг на локалните избори…но и понатаму гласно ќе зборувам за проблемите во Центар особено оние поврзани со корупција!“, напиша Ивановска.
Во недела, во вториот круг од локалните избори во Центар, ќе се борат актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, и кандидатот на ЗНАМ Лабудовиќ. Во првиот круг Герасимовски освои 8.535 гласа, а Лабудовиќ 5.707.