
(ВИДЕО) Во Трилинг со д-р Дудучки, Ангелка Пеева Лауренчиќ и проф. Шишовски
➡Во Трилинг гостуваат Ангелка Пеева Лауренчиќ експерт за креирање на имиџ и менаџер на „Имиџ ПР", д-р Мице Дудучки невропсихијатар и универзитетскиот професор Јордан Шишовски. ➡Во рубриката „Знаење што менува“ со Елена Трајковиќ сертифициран тренер по Мајкрософт во Семос Едукација.
Во Трилинг гостуваат Ангелка Пеева Лауренчиќ експерт за креирање на имиџ и менаџер на „Имиџ ПР”, д-р Мице Дудучки невропсихијатар и универзитетскиот професор Јордан Шишовски.
Во рубриката „Знаење што менува“ со Елена Трајковиќ сертифициран тренер по Мајкрософт во Семос Едукација.

„Ајде да направиме психолошки тестови на сите кои седат во парламентот. На сите избрани носители на јавни функции, вклучувајќи ги тука претседателот, премиерот… Ајде да ги видиме нивните морални, етички капацитети, нивните интегративни способности. Ќе се разочараме“, изјави во магазинот „Трилинг“, д-р Мице Дудучки невропсихијатар.

„Ние бираме менаџери, односно ние бираме градоначалници на општините, бираме влада, бираме министри за да излезат од просекот. Да размислуваат подобро од тоа што мнозинството може да го испорача како барање, желба.
-Како антибиотик. Ако имате доза од 5 мл може и ќе ви помогне ако испиете во точна доза и во точно време. Но ако испиете цело шише веројатно ќе се отруете. Така и со овој тип на непристојна или црна кампања“, вели за Трилинг Ангелка Пеева Лауренчиќ, експерт за креирање на имиџ и менаџер на „Имиџ ПР”.

„Вие кога имате систем без вредности, значи систем во кој правилата важат само за послабите, а за оние што се поврзани не важат правилата тогаш имаме систем на нееднаквост.
-Данела може да ја наречеме најлошиот градоначалник, меѓутоа прагот за споредба не е многу висок, посебно овие 30 години“, вели универзитетскиот професор Јордан Шишовски.

Во рубриката „Знаење што менува“ со Елена Трајковиќ сертифициран тренер по Мајкрософт во Семос Едукација.
Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.
 
						