Холанѓаните гласаат на најнеизвесните избори во последните децении

Последните анкети на јавното мислење, спроведени вчера, покажуваат неизвесна борба за победа меѓу Партијата на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, блокот на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на Франс Тимерманс и партијата Демократи 66 (Д66) на Роб Јетен, кои се очекува да освојат по околу 15 отсто од гласовите и по 23 пратенички места.

До пладне на денешните предвремени парламентарни избори во Холандија, кои се оценуваат како најнеизвесни во последниве неколку децении, гласале околу 12 отсто од регистрираните гласачи.

Како што јавуваат холандските медиуми, оваа излезност е пониска во споредба со претходните избори во ноември 2023, кога до 10:30 часот одѕивот беше 14 проценти.

Своето гласачко право уште претпладнево го остварија лидерите на водечките политички партии.

За да се олесни гласањето на граѓаните, поставени се гласачки места и на 50 железнички станици ширум Холандија, на кои, според централната Изборна комисија, засега нема поголеми гужви и гласачкиот процес тече непречено.

Последните анкети на јавното мислење, спроведени вчера, покажуваат неизвесна борба за победа меѓу Партијата на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, блокот на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) на Франс Тимерманс и партијата Демократи 66 (Д66) на Роб Јетен, кои се очекува да освојат по околу 15 отсто од гласовите и по 23 пратенички места.

Околу 10.000 гласачки места за денешните избори ќе бидат отворени до вечерва до 21 часот.