Притвор за директорот на „Комунална Хигиена“

Прифатен е предлогот за определување мерка притвор за случајот со „Комунална хигиена“.

Прифатен е предлогот за определување мерка притвор за случајот со „Комунална хигиена“.

Откако судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против две лица, за кои постои основано сомнение за кривичното дело од чл. 230 ст.1 од КЗ – Загрозување на животната средина и природата со отпад, кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на Јавниот обвинител и нивни бранители донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Согласно решението на судот, за осомничените С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална Хигиена“, мерката притвор е определена заради постење на основите од чл. 165 ст. 1, точка 2 и 3 односно Опасност да ја попречи истрагата или да влијае врз сведоци и Можност да го повтори делото.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд, информираа попладнево од Основниот кривичен суд.