Приведен е директорот на Комунална хигиена, Сабахaдин Рустеми

СВР Скопје Единицата за Економски криминал попладнево одземала дополнителна документација и лишила од слобода две лица кои ги сомничи за состојбите со непостапувањето во врска со ѓубрето во град Скопје.

Единицата за економски криминал при СВР Скопје денес го приведе директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и одзеде дополнителна документација поврзана со постапувањето на претпријатието. Според првичните информации, лишени од слобода се две лица, а по комплетирање на материјалите се очекува поднесување кривична пријава до обвинителството.

Приведувањето следи по повеќемесечни контроверзии околу управувањето со јавната чистота во главниот град и институционалните реакции на надлежните служби. Рустеми е на функцијата од 29 јануари 2025 година. Претходно ја извршуваше функцијата директор на Јавното комунално претпријатие „Сарај“ од 2017 до 2021 година, а потоа во соработката со Арсовска од 2023 до 2024 помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.

Рустеми важи за кадар близок до Блерим Беџети.