Маринакис: Во текот на 2026 година се очекува да започнат истражувањата за јаглеводороди јужно од Пелопонез и Крит

Процените се дека во текот на 2026 година ќе започнат сеизмичките истражувања во морските области јужно од Пелопонез и јужно од Крит, информираше портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, откако во петокот американската компанија „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“ ја добија концесијата за истражување и експлоатација на јаглеводороди.

Процените се дека во текот на 2026 година ќе започнат сеизмичките истражувања во морските области јужно од Пелопонез и јужно од Крит, информираше портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, откако во петокот американската компанија „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“ ја добија концесијата за истражување и експлоатација на јаглеводороди, јави дописничката на МИА од Атина.

Маринакис објасни дека по потпишаните министерски одлуки од надлежниот министер со што беше доделена концесијата, следниот чекор е потпишување на договорите за истражување и експлоатација, а потребна е и ратификација во Парламентот, по што, според процените во текот на следната година ќе започнат и сеизмичките истражувања.

– Потврдувањето на постоење на резерви на природен гас ќе ја претвори нашата земја во алтернативен енергетски снабдувач за Европа и ќе ја зајакне нејзината улога во регионот на Источниот Медитеран, посочи портпаролот на грчката Влада.

Американската „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“ минатиот месец доставија заедничка понуда и заедничко учество на објавениот тендер од Министерството за животна средина и енергетика на Грција, по што и ја добија зелено светло за истражувања во вкупно четири морски блокови, два кај Пелопонез и два кај Крит.