
Интересна разврска поврзана со ѓубрето во Скопје, најавува Мицкоски
Ќе има интересна разврска за ѓубрето во Скопје, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали веќе има некаков резултат од ангажманот на институциите што Владата минатата недела ги испрати во контрола во Град Скопје и во „Комунална хигиена“ или ќе се чека Обвинителството да преземе нешто.
Ѓубрето нема да биде вест, откако Орце Ѓорѓиевски ќе седне во градоначалничката фотелја во Скопје, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој најави интересна разврска со овој неколкунеделен проблем кој го имаат жителите на главниот град со преполните контејнери.
Ќе има интересна разврска за ѓубрето во Скопје, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали веќе има некаков резултат од ангажманот на институциите што Владата минатата недела ги испрати во контрола во Град Скопје и во „Комунална хигиена“ или ќе се чека Обвинителството да преземе нешто.
– Мислам дека таму ќе има разврска која ќе биде многу интересна да ја следите. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалниците на Велес, Штип, Кавадарци и на Куманово за поддршката што ја даваа со механизација за чистење на Скопје. Таа поддршка ќе продолжи до сабота – рече Мицкоски.
Откако ќе победи Орце Ѓорѓиевски, додаде тој, и откако ќе се примопредаде функцијата градоналачник на Скопје, се очекува целата работа де се нормализира.
– Впрочем, имаме и ветување, за 72 часа сметот ќе биде комплетно исчистен и потоа собирањето на сметот ќе биде тековен процес, нема да биде вест – рече Мицкоски.