Минчев направил лапсус, не се подготвува нов Закон за употреба на јазиците

Министерството за јавна администрација извести дека објавената изјава на министерот Горан Минчев за носење нов Закон за употреба на јазиците е лапсус и неточна. Според објаснувањето не се работи за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност кој е испратен на мислење во Венецијанската комисија.

„Во врска со објавените интерпретации на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев, појаснуваме дека во гостувањето на Дневникот на Сител, министерот не мислеше за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност во јавниот сектор, кој е во завршна фаза на подготовка и испратен до Венецијанската комисија на мислење.

Станува збор за очигледен лапсус, техничка грешка во изразувањето, кој дел од медиумите го пренесоа. Се извинуваме за настанатата грешка и за евентуалните недоразбирања што можеле да произлезат од неа“, се вели во соопштението од МЈА.

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН подготвуваат нов Закон за двојазичност