Десет лица притворени во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции

Десет лица добија мерка притвор, меѓу кои и лицето кое се смета за водач на криминалната група вмешана во скандалот со европските земјоделски субвенции незаконски добиени преку Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ (ОПЕКЕПЕ), објавија грчките медиуми.

Десет лица добија мерка притвор, меѓу кои и лицето кое се смета за водач на криминалната група вмешана во скандалот со европските земјоделски субвенции незаконски добиени преку Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ (ОПЕКЕПЕ), објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако минатата седмица беа уапсени 37 лица, кои кривично се гонат за конкретниот случај, во тек се сослушувањата пред европскиот истражен судија

Лицето кое се смета за водач на криминалната организација, 38-годишен маж од градот Јаница, според медиумите во Грција, го признал она за што е обвинет, но не и дека е водач на криминална организација, туку сите, како и тој лично, дејствувале индивидуално.

Уапсените за скандалот се од шест различни делови на Грција, се товарат за учество во криминална организација, измама поврзана со грантови, присвојување лажни потврди и перење пари.

Процените на грчката полиција се дека од целокупната активност на организацијата, од 2018 година до денес, штетата предизвикана врз интересите на ЕУ и грчката држава изнесува најмалку пет милиони евра, а кога истрага целосно ќе заврши, се очекува штетат да надмине десет милиони евра.

За скандалот со европските земјоделски субвенции, европската обвинителка Лаура Ковеши на прес-конференцијата во Атина минатиот месец истакна дека „со години, криминалците, со помош на државни службеници и високи функционери, крадеа европски пари што беа наменети за помош на вредните и чесни земјоделци за да ја обработуваат оваа прекрасна земја, а не за некои луѓе да стекнат со вили и луксузни автомобили“, но и дека „ОПЕКЕПЕ стана акроним за корупција и непотизам“.