
Мерко во Струга ќе ги поддржи ВЛЕН наместо ДУИ: Се испазарил за амнестија и за влез во Влада?!
Извори брифираат дека е пазарена амнестија меѓу власта на Мицкоски и Рамиз Мерко. Изворите дополнија дека со оваа поддршка на осудениот Рамиз Мерко, тој си ја купува слободата од власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, бидејќи на товар му висат неколку пресуди кои се со условни казни, а дополнително има и други истраги и обвиненија за злоупотреба на службената положба кои се во тек.
Осудениот за криминал и актуелен градоначалник на ДУИ во Струга, Рамиз Мерко, нема да го поддржи кандидатот на НАИ за градоначалник на Струга. Покрај оваа изјава, извори блиски до локалните политички структури во Струга тврдат дека Мерко веќе постигнал неформален договор за поддршка на кандидатот Менди Ќира на ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ во вториот изборен круг.
Во втор круг останаа да се тркаат Менди Ќира независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и Арсим Далипи од Алијанса за Албанците. На изборите во првиот круг во Струга Менди Ќира освои 9.934 гласа, додека пак листата на ДПМНЕ освои 5.749 гласа, а листата на ВРЕДИ 4.059 гласа, со што може да се увиди дека Менди Ќира освоил повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од тие што ги добил од ВРЕДИ.
Мерко, кој е поврзуван со повеќе пресуди, истраги и обвиненија за корупција и злоупотреба на службената положба, останува значаен фактор во локалната политичка сцена. Поддршката од неговата криминална мрежа може да биде клучна за исходот на изборите во Струга, каде разликата помеѓу водечките кандидати е мала.
Извори брифираат дека е пазарена амнестија меѓу власта на Мицкоски и Рамиз Мерко. Изворите дополнија дека со оваа поддршка на осудениот Рамиз Мерко, тој си ја купува слободата од власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, бидејќи на товар му висат неколку пресуди кои се со условни казни, а дополнително има и други истраги и обвиненија за злоупотреба на службената положба кои се во тек.
Независната листа „Мерко“ во Струга е многу блиску до учество во новата влада на Република Северна Македонија, со понуда на неколку клучни места. Сигурни извори блиски до „Мерко“ нагласуваат дека разговорите сега се во напредна фаза и се многу блиску до постигнување договор меѓу Листата и партнерите во владата.
Разговорите од владина страна ги водат првиот вицепремиер и победник во трката во Чаир, г-дин Изет Меџити, и политички претставник на „Мерко“.
Дел од владината понуда се две опции: Дирекција за финансиско разузнавање и Македонска пошта, односно заменик-директор на УЈП и директор на Градежниот инспекторат на државно ниво.