
Трагедија во Белград: Пијан возач усмрти тричлено семејство
Ноќеска на Нови Белград, пијан возач кој возел со голема брзина и поминал на црвено светло, усмрти тричлено семејство – татко, мајка и деветгодишно дете.
Ноќеска на Нови Белград, пијан возач кој возел со голема брзина и поминал на црвено светло, усмрти тричлено семејство – татко, мајка и деветгодишно дете.
Според првичните информации, возачот бил под дејство на алкохол и изгубил контрола над возилото, при што со голема сила удрил во автомобилот на семејството. Од ударот е срушен столб на јавната расвета, а автомобилот е целосно уништен.
На местото на несреќата, екипите на пожарната и Итната помош нашле три тела покриени со бели чаршафи, додека две лица преживеале со тешки повреди и се пренесени во болница.
ТВ Нова информира дека се работи за 38-годишна мајка, 43-годишен татко кој бил сообраќаен полицаец и нивното дете родено во 2016, пишува Нова.рс.
Возачот веднаш е уапсен и му е определено задржување до 48 часа. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста во сообраќајот со смртен исход.